Со Вардар ја освои Европа, Парондо номиниран за тренер на годината

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Поранешниот стратег на македонскиот и европски шампион е помеѓу номинираните од страна на Интернационалната ракометна федерација за најдобар светски тренер во 2019 година.

Роберт Гарсија Парондо минатата година успеа со Вардар да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Од мај 2019 е селектор на египетската репрезентација.

Вардар успеа на Ф4 турнирот во Келн прво во полуфиналето да ја совлада Барселона (29:27) иако имаше дури седум голови негатива на паузата, а во борбата за трофејот триумфираше над Веспрем (27:24).

Во изборот на ИХФ, се најдоа уште Николај Јакобсен, Емануел Мајонад, Кристијан Берге, Карлос Вивер, Амброш Мартин, Маик Мачула, Габор Дањи, Дидие Динар и Торир Хергеирсон.

Да додадеме уште дека Вардарци како што најавуваат, наскоро ќе се вратат во тренажен процес.

Ни недостасува тренингот, позитивната атмосфера, Спортскиот Центар „Јане Сандански“…Нова сезона, нови предизвици – соопштуваат од РК Вардар.

Тешка задача за Вардар во ЛШ: Црвено-црните ќе играат против „своите“ Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ, Скубе, Душебајев…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот