28.8 C
Скопје

Со спојување на ПСА и Фиат Крајслер се формира европска автомобилска мега-компанија

Надзорниот одбор на ПСА одобри договор за спојување со Фиат Крајслер, отворајќи пат за формирање европска автомобилска мегакомпанија, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори. Засега нема коментар од ПСА за наводите на медиумите во Париз.

Новиот бизнис субјект, со повеќе од 400.000 вработени, станува четврти по големина во секторот, со 8,7 милиони возила продадени под марките „Фиат”, „Алфа Ромео”, „Крајслер”, „Ситроен”, „Доџ”, „ДС”, „Џип”, „Ланчија”, „Масерати”, „Опел”, „Пежо” и „Воксхол”.

Таа одлука доаѓа еден ден откако „бракот“ беше одобрен од семејството Пежо.

Двата производитела на автомобили објавија на 31 октомври дека едногласно се согласиле за принципот на спојување во кој акционерите на двете групи би поделиле капитал од 50/50 по разни финансиски операции за да формираат нова светска мега-фирма за автомобили без да ги затворат постојните.

Соединувањето на ПСА и на ФЦА ќе овозможи десетици милијарди евра инвестиции потребни за развој на електрични и автономни автомобили.

Новиот бизнис субјект ќе биде со седиште во Холандија.

ПСА и ФЦА проценија дека ќе заштедат 3,7 милијарди евра со спојување во една компанија со консолидиран промет проценет на 170 милијарди евра.

Поврзани вести

Слатко од малинки: подеднакво е корисно како свежите плодови

Слободен печат

Запознајте го Алекс, момчето што со насмевка ги освојува Скопјани и нивните мисли

Ана Голејшка

Oслабнете лесно: Овошје кое невидливо го забрзува метаболизмот

Слободен печат

Паднаа првите забрани: со вакцина „АстраЗенека“ не може на концерт од Брус Спрингстин

Слободен печат

Moите 1+5: По избор на Ана Стојановска – „Боречки клуб“

Слободен Печат

ФОТО | На падините под Јакупица со Тања Благоевиќ: Избрав да бидам чудо, како деца ни се и козите, билките, змиите, ластовичките…

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар