Со Пандев и Стојановски го напаѓаме Израел! (ФОТО)

ffm.mk

Селекторот Игор Ангеловски ги одреди првите 11 кои ќе стартуваат вечерва во последниот квалификациски натпревар за ЕП 2020 против Израел (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Влатко Стојановски кој на најдобар начин се претстави во минатиот меч во Виена против Австрија постигнувајќи го првиот гол за националната селекција, овојпат добива комплетна поддршка од селекторот почнувајќи од првата минута.

Покрај фудбалерот на францускиот клуб Ним, во нападот се враќа искусниот Горан Пандев кој ја има капитенската улога.

Повратници во стартниот состав се Муслиу и Николов, а уште една шанса добива младиот Костадинов.

Стартниот состав на Македонија за дуелот против Израел: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Костадинов, Пандев, Ристовски, Д. Велкоски, Николов, Барди, Стојановски, Елмас.

На резервната клупа се наоѓаат: Илиев, Шишковски, Тошевски, Зајков, Аврамовски, Ѓорѓев, К. Велкоски, Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот