Со нокаут заврши олимпискиот сон за Љама

Олимписките игри во Токио ќе останат недостижна цел за македонските боксеери, првиот од двајцата македонски репрезентативци кои се дел од квалификацискиот турнир за настап на Игрите во Токио,Јасин Љама е поразен уште на стартот.

Љама во категоријата до 63 килограми загуби со технички нокаут во втората рунда од грчкиот боксер Александрос Цаникидис.

Пред крајот на втората рунда, откако претходно двапати беше во нокдаун, судијата одлучи да ја прекине борбата.

 

Утре на рингот во Лондон ќе се појави и вториот македонски претставник, Гоце Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот