Со Николов се комплетираше сениорскиот тим пред дуелите со Данска и Словачка

Кристијан Николов со првите тренинзи пред стартот на претквалификациите за Евробаскет 2025/Фото: kfsm.mk

Кристијан Николов е во Скопје, и по доаѓањето од Турција веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб на „црвено-жолтите“ предводен од Александар Јончeвски.

Веќе искусниот плејмејкер во одлично расположение до дочека враќањето во националниот тим, откако во меѓувреме ги смени клупските бои, па во наредниот период ќе го носи дресот на турскиот прволигаш Коња:

– Имаме нов селектор и ова е нов предизвик за сите нас. Секако е дека ќе дадеме сè од себе, тука сме секогаш за националниот дрес. Можам да кажам дека ќе се бориме до крај и дека ќе одиме на што е можно подобри резултати. Ние посакуваме победи на двата меча. Оваа Македонија која ја имаме сега можеби е најкомплетната во изминатиот период.

Ни фалат неколку играчи, тоа е точно, но досега сме можеби најкомплетната репрезентација која сме ја имале, барем од таков поглед. Нашите мисли се насочени кон Данска, сега сите играат кошарка, сите напредуваат и сакаат да победат. Нема да ни биде воопшто лесно, но ние тука сме да одиграме максимално и да изгинеме за секоја топка затоа што играме за Македонија – рече Николов непосредно пред неговиот прв тренинг.

Потсетување дека нашата сениорска репрезентација се подготвува за настапот во претквалификациите за пласман на следниот Евробаскет 2025. Прв ривал ни е Данска на 25 август во Нествед, а три дена подоцна сме домаќини на Словачка во Скопје.

Димитријевиќ се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот