Димитријевиќ се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентација

фото: КФСМ

Новиот кошаркар на Уникс, Ненад Димитријевиќ се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентција на Македонија пред настапот во претквалификациите за пласман на ЕП 2025.

Репрезентацијата, првата фаза од подготовките ја одработи во Маврово,  по што следеше пријателскиот натпревар протв Црна Гора која славеше со дури 36 поени разлика, по што кошаркарите продолжуваат во Скопје.

Од денеска, селекторот Александар Јончевски на подготовките може да смета и на Ненад Димитријевиќ кој го одработе утринскиот тренинг во СЦ„Борис Трајковски“ каде ќе се тренира до крајот на оваа седмица по што следува преселба во СРЦ „Кале“.

Откако ги среди своите приватни обврски поврзани со преселбата во новиот клуб, Уникс Казан, еден од нашите најдобри кошаркари е веќе на тренинг, а за да биде комплетна репрезентацијата се очекува доаѓањето на Кристијан Николов.

Првите два натпревари од претквалификациите за ЕП 2025, првиот ќе се игра на 25. август против Данска на гости, а вториот против Словачка е закажан за 28 август во СРЦ „Кале“ во Скопје .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот