Со јапонска донација е сменет покривот на основно училиште во Битола
Завршена е реконструкцијата на покривната конструкција на основното училиште „Св.Климент Охридски“ во Битола, јавија локалните медиуми.
Препорачано
Од училиштето и од општината велат дека со донацијата, која ја нарекуваат „нова инвестиција“, „значително се подобриле условите за реализација на воспитно-образовниот процес во училиштето“.
„Проектот во вредност од 80.314 евра опфати замена 1.800 м2 кровна површина. Проектот беше реализиран со финансиска поддршка од Јапонската амбасада.Ова е вторпат Јапонија да одобрува грант за обнова и реконструкција во ова училиште“, изјави директорот Предраг Созовски.
Минатата недела во посета на училиштето беше вториот секретар на Амбасадата н.е Накамура. На средбата училиштето се заблагодари за поддршката која во континуитет ја добива од Јапонија и се укажа дека соработка продолжува и понатаму.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
24мин
-
56мин
-
58мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


