Со една реченица го ЗАПАЛИ ТВИТЕР: Наполнив 46 години и сакам ТЕТОВАЖА, но маж ми МИ СЕ ЗАКАНИ! – Слободен печат
ЖенаМагазин

Со една реченица го ЗАПАЛИ ТВИТЕР: Наполнив 46 години и сакам ТЕТОВАЖА, но маж ми МИ СЕ ЗАКАНИ!

Оваа Србинка на 46 години решила да се тетовира, но нејзиниот маж не се согласил со тоа!

Велат дека во животот никогаш не е доцна да бидете она што сакате да бидете или да го направите она што сакате.

Можеби некои нема да се согласат со вашите одлуки и желби, но како што велат – мој живот, моја работа.

Твитер корисничка која се потпишува како „Zoya“, објавила симпатичен статус кој наишол на различни реакции, како од нејзините пријателки, така и од нејзиното семејство.

Имено, кога таа наполнила 46 години одлучила да се тетовира.

„Наполнив 46 и решив да се тетовирам. Ќерките се воодушевени, мајка ми се крсти, сестра ми и зет ми ме зезаат, а сопругот вели дека повеќе нема да спие со мене во ист кревет ако се осудам на такво нешто. Па зошто не го кажа тоа пред 10 години, да си ја одморам душата. Утре ќе се јавам да закажам.“

Коментарите под објавата биле поделени. Едни мислат дека тетоважата ѝ е лош потег доколку поради тоа го загуби сопругот, а други кои исто како неа се во зрели години, одлучиле да се осудат да ја направат првата тетоважа.

Каков е вашиот став?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close