Снимањето на петтата сезона на „The Crown“ започнува во јули со комплетно нова екипа актери

epa-efe

Долгоочекуваното снимање на петтата сезона на популарната серија „The Crown“ на „Netflix“ започнува во јули оваа година, потврдија продуцентите за списанието „Variety“.

Во новата сезона се појавува комплетно нова екипа во улогите на членови на британското кралско семејство.

epa-efe
Доминик Вест и Емелда Стаунтон / EPA-EFE

 

Актерката Елизабет Дебицки ќе ја игра принцезата Дајана, Доминик Вест ќе го толкува принцот Чарлс, Имелда Стаунтон ќе ја игра улогата на кралицата Елизабета Втора, а Лесли Манвил ќе ја видиме во улогата на принцезата Маргарет.

epa-efe
Елизабет Дебицки / EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Филмската екипа ќе се собере во студиото Елстри, северно од Лондон, каде досега е снимен најголемиот дел од серијата.

epa-efe
Лесли Манвил / EPA-EFE/MIKE NELSON

Продуцентите се надеваат дека состојбата со пандемијата на коронавирусите во Велика Британија ќе се стабилизира до јули, но во секој случај снимањето ќе се реализира со придржување кон строгите епидемиолошки правила.

Снимањето на четвртата сезона на „The Crown“ заврши на 20 март 2020 година, непосредно пред првиот карантин во Велика Британија. Привлече голем број гледачи и освои бројни награди, вклучувајќи ги Златните глобуси и „SAG“ наградите.

Првата сезона на серијата беше премиерно прикажана во 2016 година, а оттогаш на платформата „Netflix“ се прикажани вкупно четири сезони.

Четвртата сезона ја следи врската помеѓу принцезата Дајана, родена 1961 година и принцот Чарлс, додека петтата сезона ќе опфати настани од раните 90-ти години – крајно бурен период за кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот