Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Снегот повторно прави проблеми: Одложени натпреварувањата во слободно скијање на ЗОИ

Квалификациите за мажи во слободен стил на халфпајп и акробатски скокови на Зимските олимписки игри беа одложени денес поради обилни снежни врнежи во Ливињо.

Натпреварувањето во халфпајп требаше да започне во утринските часови, но е одложено, а новиот датум за почеток ќе биде утврден дополнително.

Натпреварувањето во акробатски скокови е поместено за в петок, 20 февруари.

Квалификациите за жени во халфпајп и натаму се закажани за денешната програма.

Се очекува временските услови да бидат подобри во петок и сабота, последните два дена планирани за натпреварувања на Игрите во Милано и Кортина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот