снег загреб фото: индекс

ВИДЕО | Снег во мај во близина на Загреб – жена е повредена во силното невреме

Во исто време кога Загреб и неговата околина беа погодени од силна бура со дожд и со град, снег падна во близина на главниот град на Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.

Хрватскиот портал Индекс дознава дека патот кон Сљеме бил затворен околу 13 часот.

Во Загреб, една жена е полесно повредена откако врз неа паднало дел од дрво што ило откорната од силниот ветер.

Најголемиот дел од пријавите доаѓаат од центарот на Загреб, особено од областа Тушканац, каде што едно лице е полесно повредено откако паднала гранка, соопшти Дирекцијата. На граѓаните им се препорачува да бидат повнимателни во сообраќајот, да избегнуваат движење и паркирање под дрвја и да ги следат упатствата на надлежните служби.
Силната бура што денеска го погоди северниот дел на Хрватска предизвика бројни интервенции на службите за итни случаи.

Дирекцијата за цивилна заштита Загреб соопшти дека примиле околу 250 повици од граѓани поради разни проблеми предизвикани од невремето, а во одредени делови и од снег.

ВИДЕО | Силно невреме ги зафати Хрватска и Словенија — пороен дожд и ветер откорнаa дрвја и покриви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот