Словенија ја повика Европската радиодифузна унија да го дисквалификува Израел од Евровизија 2025 поради војната во Газа
РТВ Словенија испрати писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) со барање да му се забрани на Израел да учествува на настанот што ќе се одржи во Базел, пренесува „Eерусалим пост“.
Препорачано
Оттаму се наведува дека Словенија е првата европска земја која побара исклучување на Израел од Евровизија.
Во случај нивното барање да не се послуша, РТВ Словенија донесе одлука да се повлече од следната „Евровизија“, или, што е спротивно на правилата на тоа натпреварување, да го исклучи преносот за време на настапот на претставниците на Израел.
ЕБУ пак, цврсто ги отфрли повиците за забрана на Израел од овогодишниот натпревар во 2024 година во Малме, објаснувајќи дека тоа е натпревар помеѓу јавните радиодифузери, а не владите и дека Израел сè уште има целосно право да учествува.
ЕБУ сè уште не одговорила на барањето на Словенија, но на 12 декември беше објавен список од 38 земји, меѓу кои и Израел, кои ќе учествуваат на Евровизија.
Да потсетиме, пред неколку дена се појави вест дека Израел можеби нема да учествува на Евровизија 2025 година.
Како што објави објави шведските медиуми, Израел можеби нема да учествува на Евровизија 2025 поради потенцијалниот закон за приватизација на државната телевизија КАН.
Овој закон, предложен од израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи, може да доведе до излегување на Израел од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), а со тоа и од Евровизија.
Поради низата скандали во Малме: Евровизија воведе кодекс на однесување за натпреварувачите


