Словенија е подготвена да ги затвори границите ако се зголеми ризикот од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денес изјави дека Словенија е подготвена и да ги затвори границите ако се зголеми ризикот за влез на коронавриусот во земјата, јавуваат словенечките медиуми, а пренесува „Индекс“.

– Поради ширењето на коронавирусот Словенија ќе ги затвори границите ако тоа е потребно, односно ќе ги спроведува мерките кои се соодветни и одговараат на состојбата – рече Шарец за новинарите.

Според зборовите на словенечкиот премиер во оставка, словенечката влада и здравствените институции дневно ги следат настаните поради веројатниот ризик дека вирусот може да се појави во Словенија.

Постојат и сценарија за понатамошни активности, па и ангажирање на цивилната заштита и полицијата ако дојде до поголема бројка на заболени, но сите тие мерки треба да се применат во однос на тоа како ќе се развива ситуацијата.

Здравствените власти денес потврдија дека вкупно 13 луѓе досега во Словенија се тестирани за новиот коронавирус и сите тестови покажале негативен резултат.

Во таканаречен домашен карантин се два пара на партнери кои минатата недела во татковината се префрлени од крузерот „Дајмонд принцес“, а претходно спроведуваните тестови и во Јапонија и во Словенија покажаа дека не се разени. Добро се чувствуваат и немаат симптоми на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот