Слован најдобар на првото издание на турнирот „Драган Василов Цевка“

МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ/Фото: kfsm.mk

Со доделување на медалите на најдобрите, викендов заврши меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка“.

Победник на овој кошаркарски собир во Скопје, е екипата на Слован од Љубљана (Словенија), која успеа да го победи тимот на Академик од Пловдив (Бугарија) со резултат (72:42).

Во борбата за третото место меѓу екипите на Реал Гуровиќ Академија и Шопрон (Унгарија), повеќе среќа имаше српскиот тим кој победи со (70:69).

Петтото место му припадна ѝ припадна на екипата на Црвена звезда од Белград (Србија), со победа против романски Клуж од (62:57), a во „македонското дерби“, односно натпреварот за седмото место, вардаровите кошаркари беа подобри од младите „штркови“ на МЗТ Скопје Аеродром со резултат од (71:59).

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Шопрон, а МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

Претходно, во натпреварот во забивање победи младиот кошаркар Владимир Цвијетиќ од екипата на Црвена звезда, а во натпреварот во шутирање за три поени, победи Кристијан Желев, кошаркар од редовите на Академик Пловдив.

Пехарите на најдобрите ги доделија претседателот на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска и Горан Василов, син на Драган Василов – Цевка, кои заедно им честитаа на младите кошаркари и им посакаа успешни кариери во иднина.

Од општината Арродром кој беше организатор на овој премиерен турнир, потврдија дека овој собир на млади таленти ќе биде традиционален секоја година, во заедничка организација со Кошаркарската федерација, Олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт.

ТФТ е победник на првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот