Слон уби 14 лица во Индија

Фото: Принтскрин

Слон кој се оддели од стадото за еден месец уби 14 лица во државата Џарканд, на истокот од Индија. Само во последните 24 часа три лица починале како резултат на повредите што им ги нанел слон.

Слонот уби пет лица во областите Деогар и Џамтар минатата недела, а преостанатите жртви беа пронајдени во областите Сантал Паргана, Дунбад и Гирдих во индиската држава Јаркан, објави „Тајмс оф Индија“.

Три лица беа убиени во последните 24 часа.

Меѓу нив има и две девојчиња кои се капеле во река во селото Дехуа во областа Деогар, а телото на еден човек било пронајдено во селото Калаџахираја во областа Џамтар.

Властите можеа да стигнат до нивните тела само кога слонот беше однесен во шумска област во областа Дабад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот