СЛОБОДЕН ПЕЧАТ пресмета колку чини една матурска: ОД СУМАТА ЌЕ ВИ СЕ СВРТИ - Слободен печат
ВестиМакедонија

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ пресмета колку чини една матурска: ОД СУМАТА ЌЕ ВИ СЕ СВРТИ

Еве приближно колку пари ќе треба да потрошат родителите за матурската вечер на своите деца.

Во тек се прославите на матурските и полуматурските. Матурската вечер е важен настан во животот на секоја млада личност, со што се обележува преминот во еден нов, позрел период и постепено влегување во светот на возрасните.

Но понекогаш овој настан за родителот е ноќна мора. Сакајќи нивните деца да не се двојат од останатите, многумина се принудени да подигнуваат и кредити и да се задолжуваат кај роднини и пријатели за да организираат „прописна“ матура.

Цената за матурската вечер зависи од цената на фустанот, костумот, на останатите додатоци на фризурата и шминката, од изборот на ресторан, бројот на гости, изборот на фотограф.
Еве приближно колку пари ќе треба да потрошат родителите за матурската вечер на своите деца.

Цените на фустани за „вечерта од соништата“ се различни во зависност од материјалот, должината, дизајнерот…
Според некои пресметки, ако девојките се определат за најевтината варијанта, ќе мора да одвојат околу 100 евра, додека за најскапите комбинации ќе им бидат потребни неверојатни 900-1000 евра.
Секако со фустанот или со оделото треба да има и соодветни обувки. И тука цените се движат околу 50 до 250 евра.

Студијата за фризури и шминки со своите најразлични комбинации ги ставаат на уште поголеми маки родителите на матурантите и полуматурантите. Еве што нудат некои од нив:
Професионална шминка + фризура – 2.500 ден.
Фризура + шминка + трепки – 2.500 ден.
Фризура + шминка + трепки + наливни нокти – 3.000 ден.
Фризура + шминка + гел на природни нокти – 2.500 ден.
Едночасовна фотосесија за матуранти на локација по избор – 3.100 ден.
Пакет за фотографирање на матурска прослава (професионална фотосесија на славеникот на неколку локации + професионална шминка + обработка на фотографиите + DVD) – 5.000 ден.

Исто така сите сакаат матурската на нивното дете да биде прославена во некој поелитен ресторан кој е на добар глас, па и тука ќе отидат уште неколку стотини евра.

Според груби пресметки, можеме да кажеме дека една средна матурска вечер би чинела енормни 2.000 евра. А колку би чинела поскапа матура?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close