„Ветеј, утрински ефект“ на Клод Моне / Фото: Instagram / sothebys

Слика од Клод Моне од 1901 година продадена за рекордни 10,2 милиони евра

Сликата „Ветеј, утрински ефект“ на Клод Моне, насликана во 1901 година, беше продадена на аукција за речиси 10,2 милиони евра во Париз, што е рекордна цена постигната во Франција за дело од овој уметник во последните години.

Друга слика од Моне, „Островите во Порт Вил“, насликана во 1883 година, достигна цена од 6,45 милиони евра на истата продажба, пренесува „Фигаро“.

„Ветеј, утрински ефект“ на Клод Моне / Фото: Instagram / sothebys

Според „Сотбис“, ова се рекордните цени за дело на Моне продадено на аукција во Франција откако пазарот беше отворен за меѓународни купувачи во 2000 година, кога го укина монополот на своите аукционери врз аукциската продажба и го отвори овој пазар за големи странски аукциски куќи.

„Ветеј, утрински ефект“ на Клод Моне / Фото: Instagram / sothebys

Двете слики биле дел од приватни колекции речиси цел век.

Сликата „Ветеј, утрински ефект“ се проценува на помеѓу 6 и 8 милиони евра, а „Острови во Порт Вил“ на помеѓу 3 и 5 милиони. Насликани со разлика од 20 години, обете слики ја прикажуваат Сена на локации во близина на Живерни, северозападно од Париз, каде што живеел Моне, пренесува Танјуг.

„Островите во Порт Вил“ на Клод Моне / Фото: Instagram / sothebys

Рекордната цена за дело на Моне била 110,7 милиони долари, аза таа сума била продадена сликата „Стогови сено“  во 2019 година во Њујорк.

„Островите во Порт Вил“ на Клод Моне / Фото: Instagram / sothebys

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот