Славниот актер кој боледува од тешка болест покажа како изгледа лекувањето во болница

Фото: Принтскрин/Твитер

Актерот Џеф Бриџис откри неодамна на социјалните мрежи дека му е дијагностициран лимфом, а сега се јави од болница.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми се јавивте во ова време. Добро е чувството да добиете толку добри желби и љубов“, напиша покрај фотографијата на која позира во болничка пижама покрај сталакот за лекови кои ги прима преку инфузија.

Бројни фанови во коментарите му посакаа брзо закрепнување, а многумина ја споделија и својата борба со тешката болест.

Џеф додаде дека ќе продолжи да ги известува пријателите за својата состојба.

Лимфомот е најчест облик на рак на лимфното ткиво, кое има голема улога во заштитата од инфекции бидејќи е составен дел од одбрабениот систем на организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот