Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа

По американските санкции за руската нафта и гас, нивните цени забележаа скок, а ова предизвика стравување дали треба да се очекуваат нови повисоки цени на сите други продукти и подгревање на инфлацијата. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески смета дека „ценовни потреси настануваат секогаш кога станува збор за санкции за руската нафта, но дека потоа ситуацијата се стабилизира“.

Има други производители што може да ја надополнат понудата на нафтата. Така, не очекувам во наредните месеци некоја поголема инфлација. Очекуваме да се остварат проекциите на Народната банка, очекуваме задржување на тренд на намалување на инфлација и до крајот на годината инфлацијата да биде пониска од 4 проценти. ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа. Добро е да видиме тројка, тоа психолошки ќе влијае. Таргет е наредната година инфлацијата да се симне на 3-3,5 проценти – изјави Славески, одговарајќи на новинарско прашање во паузта на конференцијата за плаќања.

Енергетската стабилност не е веќе само економско, туку и безбедносно прашање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот