Трајко Славески / Фото: ТВ 24

Славески: По пандемијата половина од становите се купуваат во готово, вреди да се погледне од каде се тие пари

„Пред пандемијата, во 2019 година, соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди“, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески во емисијата „Трилинг“ на ТВ „24“.

„Понатаму, општо е познато дека еден добар дел од млада популација, особено оние во лукративни дејности од ИТ-технологиите кои работат за странски нарачатели, ги добиваат приливите на сметки кои се во странство, па од таму подигаат готовина која ја внесуваат во Македонија. За други извори на средства останува други надлежни органи тоа да го утврдат“, вели Славески.

Она на што Народната банка преку монетарно-кредитната политика може да влијае, додава тој, е во однос на кредитирањето.

„Кога сме кај кредитирањето, тоа не е само кредитирањето на купувачите, туку секако треба да се погледне кредитирањето и на изведувачите во станбениот бизнис. Сето останато, дел е сигурно и во сивата економија, затоа што има индикации и дека набавката и на градежни материјали, исплата на надоместоци односно плати на вработените понекогаш се врши во готовина, но останува други институции ова да го утврдат, тука е финансиската полиција, Министерството за финансии коишто заедно со Народна банка се обврзани да вложат максимум ресурси во однос на спречувањето на перење пари“, рече Славески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот