Славен, згоден, богат и верен: Бон Џови во сопругата се заљубил во средно, а нивната љубов трае цели 40 години! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Легендарниот пејач Џон Бон Џови и неговата сопруга Доротеа го осветлија образот на институцијата брак која денес, особено во кругот на ѕвездите, се држи на климави нозе. Рок ѕвездата и неговата средношколска љубов и по 40 години – еден на друг си ги довршуваат речениците и ја слават љубовта. Која е нивната тајна?

Славниот музичар ја отвори душата за „People“ и проговори за својот 31-годишен брак во кој тој и саканата сопруга ги изгледале своите четири деца. На прашањето како успеале да ја одржат брачната среќа, фронтменот на групата Бон Џови одговори: Со меѓусебно почитување.

Фото: Профимедиа

„Заедно пораснавме и созреавме. И навистина се сакаме. Се уште сакаме да поминуваме време заедно“, изјави пејачот, на што неговата сакана Доротеа, со која ја има 27-годишната ќерка Стефани и трите синови, 25-годишниот Џеси, 18-годишниот Џејкоб и 16-годишниот Ромео, се надоврза дека во својот сопруг отсекогаш гледала голем потенцијал за брак.

Сите овие години Бон Џови и Доротеа се многу блиски и функционираат складно, како и сами што велат, водевме се само не типични rock-and-roll животи. И покрај светските турнеи и милионите обожавателки, Бон Џови останал приземјен и верен на својата сакаna со која развил посебен и несекојдневен однос.

Легендарниот музичаr ја нарекува Доротеа свој „најголем потпирач“

Фото: Профимедиа

„Напорно работиме, но и уживаме еден во друг, па така никогаш не паднавме во замките со кои естрадниот живот е преполн. Во текот на годините сведоци сме дека токму тоа им се случи на многу блиски луѓе околу нас, како и на луѓето кои помалку ги познаваме. Тоа е само моја работа, а тоа не ме прави личност каква што сум. Пишувам песни и случајно сум многу добар во изведувањето на истите и тоа е тоа“, изјави скромниот Бон Џови кој не дозволил славата да го промени како личност или да го наведе на погрешен пат.

Бон Џови полека им се враќа на настапите, со маска на лицето и саканата сопруга покрај себе. „Најсреќен сум ако можам да го работам она што го сакам и притоа да бидам и покрај моето семејство, а светот барем малку да го направам подобро место за жвеење“, заклучи музичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот