Скопско вечно дерби за трофејот во Купот

Време е „Јане Сандански“ во Скопје да заличи на не така дамнешните времиња, дерби МЗТ - Работнички/фото:druga.aba-liga.com

Екипите на Работнички и на МЗТ Скопје денеска (17.30 часот) по седми пат ќе играат во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија кој од годинава го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур.
Токму екипите на Работнички и на МЗТ Скопје се најтрофејни екипи во македонската кошарка, а денеска тимот од Градски парк кој е последен освојувач на Купот ќе го брка 11. трофеј, додека „металците“ се во лов на 10 Куп трофеј.
Интересно е што досега Работнички и МЗТ Скопје дури шест пати играле меѓу себе во финалето и имаат половичен ефект, по три победи.

1994 година Работнички  – МЗТ Скопје 81:49
1996 година МЗТ Скопје – Работнички 69:64
2000 година МЗТ Скопје – Работнички 68:66
2003 година Работнички – МЗТ Скопје 70:68
2011 година Работнички – МЗТ Скопје 74:69
2018 година МЗТ Скопје – Работнички 76:67

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот