Фото: МИА / архива

Скопски газда тајно го распродал имотот на фирмата пред стечај, мислел ќе скрие од банките и државата

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С. и неговата фирма за даночно затајување и оштетување на доверители. Тој во период од две години продавал машини и материјали непосредно пред фирмата да оди во стечај и тоа не го пријавувал. без да ги пријави, со што не платил даноци во висина од стотици илјади евра, велат од МВР.

Најголемиот удар го претрпеле доверителите. Кога фирмата отишла во стечај, имотот веќе бил тајно распродаден, па стечајниот управник немало што да попише за да ги исплати долговите кон УЈП и банките.

„Првопријавениот М.С. во периодот од 01.10.2019 до 31.08.2021 година… во даночните пријави за контролираниот даночен период пресметал и искажал помал даночен долг во износ од 17.645.477,00 денари кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали… Исто така првопријавениот постапил и спротивно на член 84 и член 92 од Законот за личен доход… и на која сума бил утврден неплатен персонален данок на доход во износ од 13.788.045,00 денари. Со ова, пријавениот по двата основи се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522,00 денари или околу 515.303,00 евра, со која сума предизвикана е штета на Буџетот на Р.С. Македонија“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот