Скопјани пијат безбедна и микробиолошки исправна вода

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробилошки исправна, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 19 до 23 декември 2022 година, сите анализирани примероци одговраат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Град Скопје – стои во објавата на ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот