Фото: Креирана илустрација

Несреќа во Македонска Каменица: Скопјанец со „голф“ се удрил во бетонски столб, неговиот сопатник е тешко повреден

Скопјанец со „голф“ удрил во бетонски столб во Македонска Каменица, при што еден сопатник бил тешко повреден, а возачот и уште еден патник заршиле со полесни повреди.

„На 4 април 2026 година околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на крстосницата од ул. ‘Каменичка’ со ул. ‘Александар Македонски’ во Македонска Каменица, патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.К. од Скопје, удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од екипа на ПО Македонска Каменица,“ соопшти полицијата.

Уапсен е полицаец – возел во спротивна насока кај МВР, па му се заканувал на колегата кој го запрел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот