Фото: илустрација / Слободен печат

Камерунец купил лична карта од скопјанец за 1.000 евра, го уапсиле на „Табановце“

Државјанин на Камерун е приведен на Граничниот премин Табановце при обид да ја напушти државата со француска лична карта што не била негова и која била заведена како документ по кој трага Интерпол.

Инцидентот се случил на 25 јануари 2026 година околу 18:12 часот, при излез од земјава. За време на редовната гранична контрола, полицајците се посомневале во исправноста на документите што ги приложил 29-годишниот П.М.Ф.Б., по што со дополнителна проверка било утврдено дека личната карта му припаѓа на друг човек кој се наоѓа на меѓународна потерница.

Понатамошните проверки покажале дека мажот бил евидентиран како корисник на Прифатниот центар Визбегово. Тој пред полицајците изјавил дека спорниот документ го купил од човек од Скопје за сума од 1.000 евра.

По апсењето, Камерунецот бил предаден на службеници од СВР Куманово, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во БиХ лани дошле помалку мигранти: Расте бројот на Суданци, сите сакаат да стасаат до Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот