Масовна тепачка / илустрација / Фото: Архива

Скопјанец двапати бил тепан во иста ноќ — прво од група мажи, после добил удар со кундак

Маж од Скопје синоќа бил нападнат двапати, а вториот пат околу полноќ бил удрен со кундак од пиштол.

Триесет и шестгодишен скопјанец бил физички нападнат од три лица по расправија на подрачјето на Кисела Вода, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу полноќ кога Р.Д., додека се движел со своето возило „БМВ“, бил запрен од Ј.А., кого го познавал, по што меѓу нив настанала расправија и физичка пресметка.

Откако подоцна повторно се вратил на местото, Р.Д. повторно бил нападнат – овојпат од Ј.А., М.А. и Е.Н., при што М.А. го удрил со кундак од пиштол.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.

 

Групна тепачка во Кисела Вода — учествувале три жени, a се тепал и 85-годишен маж

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот