Јеменците се сомневаат дека голманката на Иран всушност е маж/принтскрин/твитер

Скандал во најава: Дали голманката на Иран е женско или машко?

Женската фудбалска репрезентација на Иран обезбедиј пласман на Азискиот куп, но скандалозно помина нивниот последен натпревар во кој на пенали го совладаа Јордан, но челниците на Фудбалската федерација на Јордан (ЈФА) побараа од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) да провери дали голманката на Иран, Зорех Кудаеи е навистина жена.

Претседателот на ЈФА, Али Бин ал-Хусеин на Твитер ја објави жалбата која и официјално ја испратија до АФЦ.


„Од АФЦ бараме да започне транспарентна истрага која ќе се спроведе тим на независни медицински експерти за да се утврди полот на споменатата фудбалерка и останатите членови на тимот“, стои во жалбата на ЈФА.

Одговорот дојде експресно од Иранците.
– Медицинскиот тим внимателни ги прегледа сите фудбалерки во врска со хормоните за да се избегнат вакви проблеми. Им порачувам на навивачите да не се грижат. Ќе ја обезбедиме целата целата документација која ја бара АФЦ за да не се губи време. Овие обвинувања се само изговор за да не го признаат поразот. Јорданските фудбалерки важеа за фаворитки и кога загубија. Нормално е да бараат оправдување, за да ја избегнат одговорноста за неуспехот – порача селекторката на Иран, Мирјам Ирандост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот