СКАНДАЛ во Хрватска: Ова телешко не е телешко

Фото: Архива

Хрватската царинска управа спроведе акција на засилен надзор и контрола над возилата затоа што според извештај на Европол во Хрватска било увезено коњско месо со декларација дека е телешко.

Европол веќе половина година работи на истрага за трговија со лажни прехранбени производи.

Во оваа акција наречена „Опсон Икс“, наменета за помош на државите во борбата против меѓународниот криминал, спроведени се активности во 72 земји, а запленети се речиси 16.000 тона стока која била нездрава, расипана или илегално преработена храна и пијалаци.

Често се случува да се фалсификува храна со ознаките „био“, „органска“, „еко“ и слично, објавија хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот