Скандал го тресе кралското семејство: Принцот Чарлс зел милион фунти од браќата на Осама бин Ладен

Принцот Чарлс примил донација од милион фунти од браќата на Осама бин Ладен/Фото: ЕPA-EFE

Британскиот принц Чарлс прифатил донација од еден милион фунти од семејството на водачот на Ал Каеда Осама бин Ладен за својата добротворна работа и покрај противењето на неговите советници, пишува „Сандеј тајмс“.

Принцот Чарлс, како што се наведува, добил пари од Бакир бин Ладен, тогашен шеф на семејството Бин Ладен и неговиот брат Шафик, кои се полубраќа на Осама бин Ладен, јавуваат британските медиуми.

Договорот за донација е постигнат на приватна средба меѓу принцот Чарлс и Бакир бин Ладен во резиденцијата на британскиот принц на 30 октомври 2013 година, односно две години по убиството на Осама бин Ладен во акција на американските сили во Пакистан.

-На тоа се спротивставиле советниците на принцот Чарлс кои побарале од него да ги врати парите, предупредувајќи го дека тоа ќе му наштети на кралското семејство и ќе предизвика негативни реакции во јавноста, пишува „Дејли мејл“.

Од друга страна, извори блиски до принцот тврдат дека одлуката да се прифати донацијата за добротворниот фонд на Принцот од Велс ја донеле исклучиво доверителите.

Се забележува дека нема индикации дека Бакир или Шафик бин Ладен спонзорирале или биле вклучени во какви било терористички активности.

Тие се поврзани со Осама преку нивниот татко, Мохамед бин Авад, јеменски милијардер кој заработил пари во градежниот бизнис пред да загине во авионска несреќа во 1967 година. Семејството се огради од Осама бин Ладен, но со него секогаш се поврзуваа поради семејните врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот