Сите вистини и заблуди за ретинолот на едно место

Во последно време многу се зборува за улогата на ретинолот, односно витаминот А1 во производите за нега на кожата, како и неговите придобивки во појавата на првите знаци на стареење на нашето лице.

Колку овој молекул стана популарен, зборува најновиот податок дека најбараниот збор на гугл за антиејџ козметички препарати и решенија за несовршеноста на кожата е – токму зборот ретинол.

Сите знаеме дека интернетот пружа корисни информации, но некогаш може да се случи да најдеме и збунувачки податоци за било која појава, па и за ретинолот.
Затоа во овој текст, ќе пробаме да ги разбиеме тие митови, кои не се заосновани на истражувања, како и да ги разјасниме бројните недоумици кои можеби ги имате за оваа чудесна состојка, пишуваат од „ZenaBlic“

Мит број 1: Ретинолот е пресилен за мојата кожа

Многумина кога почнуваат да користат нега на лице со ретинол, забележуваат дека лицето им  бара поголема хидратација, им се вцрвенува или ги пецка. Но, тоа е вообичаено и не значи дека ретинолот е силен за кожата, туку е неопходно да се поминат тие „симптоми“, за кожата да се прилагоди на оваа состојка.

Мит број 2: Дериватите на ретинолот и чистиот ретинол се иста состојка

Иако ретинолот и препаратите со негови деривати се често наменети за слични проблеми со кожата, тие немаат исто дејство. Оние со чист ретинол делуваат побрзо и поефективно, но во себе содржат и значително помалку адитиви. Тоа не е случај со препаратите кои се базираат на ретинолски деривати.

Мит број 3: Ретинолот не смее да се користи секој ден

Вистината е дека ретинолот треба постепено да го внесувате во вообичаената нега на коса, а најдобро е да полнете навечер. Совет од дерматолог е да пробувате да го прилагодите ретинолот на својата кожа во првата недела од користењето, две ноќи неделно. Потоа наредната недела зголемувате на три ноќи неделно, а потоа и секоја ноќ, зависно вашата толерантност на ретинол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот