Сите патници од Брисел пуштени дома, тестовите за коронавирус се негативни (ФОТО)

Со летот од Брисел синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа повеќе од 100 патници кои беа задржани додека не им беа направени тестови за коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција претходно истакна дека дел од патниците имале симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани и префрлени на Инфективната клиника, а другите ќе ги чекаат резултатите на аеродромот додека бидат готови резултатите на лицата со симптоми.

Тестовите на сите 103 патници стигнаа околу 30 минути по полноќ, по што директорот на ТАВ кој беше на смена излезе и соопшти дека сите тестови се негативни.

Патниците од Брисел беа пуштени да ди одат дома во 2 часот по полноќ.

Атмосферата на скопскиот аеродром синоќа беше многу напната. Во чекалните надвор имаше членови на семејствата на патниците кои ги чекаа резултатите, а многу од нив, загрижени од целата ситуација, не можеа да ги задржат солзите.

Фотографии: Арбнора Мемети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот