Патниците од Брисел нетрпеливо чекаат на скопскиот аеродром (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека дел од патниците имаат симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани и префрлени на Инфективната клиника.

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу сподели видео директно од аеродромот во Скопје, на кое може да се видат патниците од авионот, кој попладнево слета на скопскиот аеродром од Брисел, како нетрпеливо чекаат да заминат во своите домови.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека дел од патниците имаат симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани и префрлени на Инфективната клиника, а другите ќе ги чекаат резултатите на аеродромот додека бидат готови резултатите на лицата со симптоми.

-Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин. Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање. Тоалетите на аеродромот немаат сапун. Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин- напиша Салиу на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот