„Мојата сопруга е колекционер на бебиња“ – Алек Болдвин „се откажува“ од намерата да има женски деца

Фото: Инстаграм

Познатиот американски актер Алек Болдвин (62) и неговата сопруга Хиларија (36) неодамна го добија синот Едуардо. Со тоа Хиларија на свет го донесе нивното четврто момче, иако како што вели Алек сите потајно се надевале дека ќе се роди девојче.

Фото: Инстаграм

Тоа е нивното петто заедничко дете кое е машко и кое следеше по трите сина и ќерката Кармен (7).

– Нема повеќе да се обидувам да добијам девојче. Завршив со тоа. Или ќе останеме на ова или мојата сопруга повторно ќе се омажи за некој тип што „произведува“ девојчиња – рече Алек во емисијата на Елен Деџенерис.

Фото: Јутјуб

Актерот кој од првиот брак има и уште една ќерка, се пошегува дека неговата сопруга е колекционер на бебиња. Иако се пошегувал дека повеќе нема да тежнее кон тоа да имаат повторно девојче, никој со сигурност не може да го потврди тоа, кога станува збор за Хиларија и Алек Болдвин.

– Им велам на луѓето, мојата сопруга е колекционер. Некој собира автомобили, некој часовници, а некој бебиња – додаде тој.

Фото: Јутјуб
Видео на денот