Сите членки на НАТО лани потрошиле над 2% од буџетот за одбрана, Македонија е на 17. место
Европа и Канада лани ги зголемиле трошоците за одбрана за околу 20 проценти, покажува извештајот на НАТО за трошењето во периодот од 2014 до 2025 година. Сепак, меѓу поединечните земји членки на Алијансата има значителен јаз во трошоците за одбранбени цели.
Препорачано
Како знак за тоа како руската агресија и заплашувањето на Доналд Трамп ги туркаат сојузниците да трошат повеќе за одбрана, сите 32 членки на НАТО ја исполнија целта за трошоци од 2 проценти од БДП во 2025 година, покажа анализата. Трошоците за минатата година во извештајот се базираат на проценките на НАТО.
Вкупните трошоци за одбрана изнесувале 1.400 милијарди, што е зголемување од 6 проценти во однос на 2024 година.
„Ова покажува дека сојузниците на НАТО ја препознаваат нашиот променет безбедносен амбиент и потребата да ги исполниме нашите колективни обврски. Очекувам самитот на НАТО во Анкара овој јули да се надогради на нашите достигнувања во 2025 година. Нема простор за самодоволност и нема време за губење“, пишува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во извештајот.
Документот открива големи несовпаѓања во трошоците меѓу сојузниците.
Во 2025 година Шпанија, Португалија, Албанија, Белгија и Канада потрошиле најмал дел од својот БДП за одбрана – сите по точно два процента. Македонија е во втората половина на листата составена од 31 земја членк, со потрошени 2,13 проценти од БДП за одбраната, земјава се наоѓа на 17. место.
Полска лани потрошила најмногу на одбраната – 4,3 проценти од БДП, додека Литванија, Латвија, Естонија и Данска исто така се високо над три проценти.
Луксембург, Белгија и Словенија ги зголемија своите трошоци најмногу на годишно ниво во апсолутни бројки, додека трошоците се намалија во Унгарија, Чешка и САД.
Пристигнаа првите „страјкери“ од САД – Мицкоски најави уште инвестиции и зајакнување во одбраната


