Синот на Ѓорѓе Балашевиќ стана татко, им пристигна ќерката Вера
Синот на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ (28) и неговата сопруга Николина станаа родители на малата Вера. Новопечениот татко со среќната вест се пофали на социјалните мрежи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Небото утрово повторно нè изненади. Ни пристигна на свет Вера Балашевиќ. Ви благодарам на сите за честитките“, напиша Алекса.

Алекса и Николина се свршија во Назарет во 2019 година, а судбоносното „да“ го изговорија во јуни годинава во белградскиот храм Свети Сава. Ги венчаше патријархот Порфирије, а со тоа веднаш се пофали мајката на Алекса, Оливера Балашевиќ (63).
View this post on Instagram
– Со благослов на патријархот Порфириј и насмевките на учениците од Дервента, ангелите можат да здивнат, бидејќи Алекса и Николина својата љубов ја крунисале со ракување во извезен сноп завети – напиша тогаш таа на Инстаграм.
View this post on Instagram
Балашевиќ на почетокот на мај откри дека тој и неговата сопруга чекаат бебе, а веста наводно ја криеле шест месеци.
„Стануваме родители на една мала принцеза. Која уште од ноември, кога дознав дека ни пристигнува, уште повеќе ме инспирира и зајакнува по невремето кое е зад нас. За сите нови деца, некои нови борци, заедно да го направиме светот онаков каков што всушност е“, напиша тогаш Балашевиќ на социјалните мрежи.
ФОТО | Синот на Балашевиќ објави емотивни моменти со својот татко: Никогаш поблиску…
Синот на кантавторот го прими орденот во негова чест: Замбија му оддаде почест на Ѓорѓе Балашевиќ


