Синер го совлада Руне, и Ѓоковиќ во полуфиналето на Завршниот мастерс во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, во последното трето коло од „Зелената група“ триумфираше со 2:1 во сетови (7:6, 4:6, 6:1) против Полјакот Хуберт Хуркач на Завршниот АТП мастерс турнир во Торино, Италија.

Поради загубениот сет, српскиот ас за пласман во полуфиналето чекаше и победа на италијанскиот тенисер Јаник Синер против Холгер Руне од Данска.

Синер му направи „услуга“ на Ѓоковиќ совладувајќи го Руне со 2:1 во сетови 6:2, 5:7 и 6:4. Синер со овој триумф го освои првото место во групата, додека Ѓоковиќ заврши како второпласиран.

Во „Црвената група“ останува да се одиграат мечевите и од последното коло, по кое ќе бидат познати ривалите на Синер и Ѓоковиќ во полуфиналните дуели.

В петок од 14.30 часот Карлос Алкараз ќе игра против Данил Медведев, додека од 20.30 часот Андреј Рубљов ќе се соочи со Александар Зверев. Медведев до сега оствари две победи, по една имаат Зверев и Алкараз, а Рубљов ниту една и е елиминиран.

Ѓоковиќ во текот на својата кариера шест пати го освојуваше Завршниот турнир (2008, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2022 година), а од минатата година ја брани титулата. Седмиот трофеј би бил рекорден за него, откако на никој досега тоа не му успеало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот