Синдикатот на Фудбалери на Македонија ќе организира тестирање на коронавирус

фото: ФК Работнички

Претседателот на Синдикатот, Панче Ќумбев напоменува дека сите тестирања СФМ комплетно ги покрива, без никаков трошок за клубовите и играчите.

И натаму нема никакви информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за тоа кога и како ќе продолжи натпреварувачката сезона 2019/2020.

Во регионот и пошироко во Европа клубовите започнаа со тестирања на коронавирус, како еден од главните услови за враќање на фудбалерите на терените.

Неколку држави веќе предвремено ја завршија фудбалската сезона со или без шампион, но во поголемиот дел земји веќе се најавува враќање на натпреварите со здравствени препораки кои треба да се почитуваат.

фото: фејсбук

Како што информира претседателот на Синдикатот на Фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев, во координација со клубовите од прва Македонска фудбалска лига ќе организира тестирање на коронавирус на сите фудбалери, тренери и стручните штабови кои што доброволно ќе сакаат да се тестираат.

Пред и за време од започнување со нормален тренажен процес мобилна екипа ќе доаѓа по клубовите и ќе врши тестирања со цел фудбалерите и сите што имаат контакт со нив во клубовите безгрижно да можат да си ги извршуваат своите работни задачи.

Во преговори сме со една од приватните клиники и се надеваме ќе најдеме заеднички јазик и можност ова да го спроведеме во целост. Начелно добивме согласност од сите клубови. Во моментов како синдикат сме финансиски моќни да организираме едно тестирање (тестирање на преку 300) луѓе и доколку е потребно најмалку три тестирања како во некои европски земји се надевам Ффм и прволигашите ќе смогнат сили и обезбедат средства за другите две тестирања.

Да напоменам дека немаме можност за тестирање на сите второлигаши и временски и финансиски но доколку некој играч, тренер или било кој член од клубовите од втора лига појави интерес за тестирање слободно нека не контактира ќе му овозможиме тестирање – напиша Ќумбев на Фејсбук.

Воедно претседателот на Синдикатот напоменува дека сите тестирања СФМ комплетно ги покрива, без никаков трошок за клубовите и играчите. И воедно се надеваат дека преговорите со клиниката ќе бидат успешни и оваа акција ќе се спроведе во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот