Поповски: Мора да заврши Првата лига, на 27 мај одлука за Македонија-Косово!

Фото: ФФМ

– Не треба веднаш „да летаме“ дека веднаш треба да започне со фудбал или кој било спорт – вели генералниот секретар на ФФМ.

Филип Поповски учествуваше во дебатата „Спортот во услови на Ковид-19 и“ го сподели своето размислување околу тоа дали и кога треба да завршат домашните натпреварувања.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија говореше и за самите инструкции кои ги добиваат од УЕФА и ФИФА во однос на репрезентативните настапи.

Ние во Фудбалска федерација сме во постојан контакт со УЕФА и ФИФА. На секои две до три недели одржуваме видео конференции заедно со 55 членки, асоцијации на УЕФА. И генерално ставот е дека фудбалот нема да згасне, односно мора да се заврши сезоната која е во тек.

Дали тоа ќе се заврши во насока на истиот формат со кој е и започнат или ќе оди во скратена форма или ќе се најде некоја специјална варијанта, во меѓусебен однос меѓу самите спортски федерации и УЕФА.

ffm.mk

Од друга страна се соочуваме со една „контра работа“ што е контра спортските настани и ние во нашиот случај што и да размислуваме и колку да ги слушаме УЕФА и ФИФА, тука ги имаме и препораките на Владата. Не треба веднаш „да летаме“ дека веднаш треба да започне со фудбал или кој било спорт. Мораме да ги гледаме двете работи, добро да ги измериме.

Ме радува што некои од мерките се олеснуваат, а и фактот дека многу од земјите во Европа имаат различен пристап кон истите. Во насока на спортските активности веќе слушаме многу клубови кои почнуваат да тренираат, како на пример Дарко Велковски со неговиот клуб од Хрватска, Риека. Во мали групи од четири-пет луѓе на стадион, со одредени додавања кои што можат тоа да го прават и дозволуваат самите мерки.

Во насока на одржување на првенствата постојат две-три варијанти, сценарија кои ФФМ уште од самиот почеток на кризата ги имаше подготвено, но нормално истите се поместуваат согласно препораките на Владата. Се надевам дека до крајот на вонредната состојба (16 или 17 мај) дека до тогаш ќе има подобрување за да можеме кои од сценаријата би стапиле на сцена, за завршување на првенството. Краен рок би бил 1 август, во зависност од тоа како се движи ситуацијата во нашата земја.

фото: ФФМ

Во делот на репрезентативните настапи, плеј-оф натпреварите за учество на ЕП (помеѓу нив Македонија-Косово) се одложени. Очекуваме тие да бидат во месеците септември, октомври и ноември. Дадени се три опции за одигрување на натпреварите од плејофот за пласман на Европското првенство, но се „косат“ во исто време со репрезентативни настапи од новата сезона во Лигата на нации, и тоа е сеуште дискутабилно.

Конечните одлуки ќе се донесат на 27 мај од страна на УЕФА за датумот и терминот на одржување на плеј-оф натпреварите, вклучувајќи ги и квалификациите на У21, У19 (елитна рунда), и на националните женски селекции. Во текот на наредниот период очекуваме некои насоки, водич од УЕФА каде што ќе започнеме да комуницираме во однос на можните сценарија за продолжување на првенството.

Де факто, ставот е дека Првата лига и Купот на Македонија мора да завршат од оваа сезона – вели Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот