Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Симоновски: Причина за пожарот е електрична инсталација, станува збор за сложена интервенција

При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош.

Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина.

Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран во 08:50 часот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација.

При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош. Пожарникарот е во стабилна состојба, информира Симоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот