Симиќ со Барса атакува на титулата во јуниорската Евролига

Теодор Симиќ со Барселона ќе брка место на евролигашкиот Фајнал-фор турнир/Фото: kfsm.mk

Од денеска до 6 јуни во Валенсија (Шпанија) ќе се игра завршниот турнир од јуниорската Евролига..

Натпреварувањето требаше да се одржи заедно со Ф4 на сениорите, минатиот викенд во Келн, но поради строгите регулативи поврзани со пандемијата од коронавирусот, Евролига одлучи да го помести за неколку дена и да ја смени локацијата каде ќе се играат натпреварите.

Како најпогодно место е избрана Валенсија која веќе беше домаќин на еден од квалификациските турнири. И Македонија ќе има свој претставник на завршниот турнир, новиот сениорски репрезентативец Теодор Симиќ кој со својата Барселона ќе се обиде да дојде до титулата.

Каталонскиот гигант е во групата „Б“ со Стелаѕура, домаќинот Валенсија и Мега. Прв противник, денеска од 16.00 часот е Стелаѕура чиј член е Дино Боцевски, кој избра да игра за Србија и во Евролига е пријавен како Србин.

Татковците на двајцата кошаркари, Тони Симиќ и Душан Боцевски беа соиграчи во македонската репрезентација. Од 3 до 5 јуни ќе се играат натпреварите по групи, а финалето е закажано за 6 јуни. Во него ќе играат двете првопласирани екипи од двете групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот