Симеон Христов потпиша за Вардар

Фото: ФК Вардар

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар денеска го официјализираше првото засилување за новата сезона, Симеон Христов кој доаѓа од екипата на Работнички.

Христов потпиша едногодишен договор и со „црвено-црните“ ќе се обиде следната сезона да се врати во Првата фудбалска лига. Потписот за најтрофејниот фудбалски клуб, значи враќање за Христов во Вардар по пауза од 12 години.

Во кариерата Христов има играно и за Тиквеш, Борец, Македонија ЃП, играше и за Тетекс, Брегалница, Пелистер. Има и интернационална кариера и беше член на Вашаш, Егри од Унгарија, потоа во Јужен Мјанмар и шест месеци беше дел од албанска Влазнија.

Претходно Вардар објави дека Бобан Грнчаров ќе седи на клупата на „црвено-црните“ идната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот