Силвестер Сталоне тажен до небо поради колегата Брус Вилис: Се молам за тебе и твоето семејство!

Силвестер Сталоне/Инстаграм
Силвестер Сталоне/Инстаграм

Акциониот култен актер, Силвестер Сталоне, се „моли“ за својот долгогодишен пријател, колега и партнер Брус Вилис, откако ја дознал веста за актерот дека му е дијагностицирана дегенеративна состојба и поради тоа ќе мора да се повлече од глумата.

„Се молам за тебе и твоето прекрасно семејство“, напиша тој во својата објава на неговиот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)


Силвестер и Брус играа заедно во франшизата на „Платеници“, а тогаш и првпат дојде до кавга меѓу нив, каде Силвестер го извади од филмот, нивната караница одекна во медиумите, а во меѓувреме се смирија.

Пријателството беше посилно, па Вилис беше повторно повикан да игра во третиот дел. Силвестер е скршен од тага поради болеста на пријателот и му посакува што поскоро да оздрави.

Актерот објави и три видео снимки со посвета до Вилис, како и неколку фотографии од старите добри времиња, од шоуто на Дејвид Летерман во 2008ма година.

Најзанимлив детаљ од споделените сентименти беше фотографијата зад камерите, која ги воодушеви и трогна следбениците и фановите на обајцата акциони херои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот