Американската амбасада во Осло, Норвешка / Фото: U.S. Embassy in Norway

ВИДЕО | Силна експлозија пред влезот на Американската амбасада во Осло

Силна експлозија рано утрово одекнала пред зградата на Амбасадата на САД во норвешкиот главен град, Осло, јави Би-би-си.

Експлозијата предизвикала помала материјална штета и во неа нема повредени, соопшти норвешката полиција.

Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1 часот по локално време.

– Можеме да потврдиме дека ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада – изјави портпаролот на полицијата Микаел Делмер за норвешката јавна телевизија Ен-Ер-Ко (NRK), додавајќи дека експлозијата го оштетила влезот на конзуларниот оддел.

Штетата е опишана како незначителна, а полицијата засега одби да го коментира видот на експлозивната направа додека истрагата е во почетна фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот