Силјановски: Тимската хемија го краси Работнички!

фото: fkrabotnicki.com

Играчите на Работнички веќе петти ден во Охрид успешно ја реализираат главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Капитенот на „романтичарите“, Горан Силјановски очекува тимот максимално подготвен да го дочека стартот на шампионатот, низ пријателските натпревари темпирајќи ја формата за новите предизвици.

Условите во Охрид се прекрасни. Тренираме во пеколно темпо по два пати на ден. Тимската хемија е на завидно ниво и ништо не ни изгледа тешко и невозможно. Токму тоа единство во тимот верувам ќе биде наше силно оружје сезонава. Полека влегуваме во завршната фаза од подготовките и низ тест средби треба да ја доведеме формата до завидно ниво – рече Силјановски.

Работнички на првиот тест дуел летово славеше со 2:0 над Пелистер.

Секоја победа е добра за ветар во грб на екипата, но мене како капитен ме радуваше играта и пристапот во мечот. Во Охрид ќе одиграме уште две контролни средби со Шкендија и со Тиквеш, па ќе имаме уште две можности да видеме до каде сме со подготовките – додаде Силјановски.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е во петок (24 јули) против Шкендија, а ден потоа екипата ќе се соочи и со второлигашот Тиквеш.

Да додадеме уште дека Михаило Шејкероски – Шани е ново име во стручниот штаб на Ратко Достаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот