Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова: Како и во Климентово време и нам ни е потребна повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка по повод државниот празник Свети Климент Охридски.

Во честитката, претседателката потенцира дека пред нас стои задачата да ги обновиме доблестите кои ја одржуваат заедницата.

„Како и во Климентово време, и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и сплотени околу општото добро“, вели Сиљановска-Давкова.

Таа посочува дека споменот за охридскиот светител е дел од колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

„Како што неговиот лик ги краси нашите храмови, така неговото име го носат многу наши образовни, научни и културни установи. Најголемото наследство на Св. Климент се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите, а со тоа и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствениот живот, туку и за животот на заедницата“, се наведува во честитката.

Сиљановска-Давкова додава дека под водство на Свети Климент, македонските краишта прераснале во образовен, просветен и културен центар, а охридската книжевна школа и духовното и уметничко богатство оставиле траен печат врз европската цивилизација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот