Силекс денеска ќе го дознае противникот во Лигата на шампионите

twitter.com/fcbmumbai

Силекс од Кратово ќе го претставува македонскиот фудбал ова лето во квалификациите од Лигата на шампионите.

Денеска со ждрепка точно напладне во Нион ќе се дознае противникот на нашиот претставник, а УЕФА веќе ги објави и можните ривали.

Силекс не е меѓу носителите во групата „4“, а за ривал ќе добие една од следните екипи: Астана (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Макаби Тел-Авив (Израел) или Динамо Тбилиси (Грузија).

Поради ситуацијата со Ковид-19, но и ограничувањето во патувањата, како што веќе се и најавува, можно овие натпревари да се играат на неутрален терен. Исто така наместо два мечеви, УЕФА донесе одлука да се игра по еден меч во квалификациите во ЛШ и Лигата на Европа.

Првото квалификациско коло во ЛШ е закажано на 18 и 19 август 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот