Македонските екипи европските мечеви ќе ги играат на Кипар!?

фото: ФК Шкупи

Наместо традиционално во нашата земја, поради пандемијата на коронавирус, можно е македонските фудбалски претставници да ги играат своите натпревари во друга држава.

Потсетување, Силекс ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, додека во квалификациите на Лига Европа учествуваат Шкендија, Шкупи и Ренова.

Иако сеуште неофицијално, според „Спортски журнал“, од Фудбалската федерација на Кипар дадоа гаранции до УЕФА дека се подготвени да помогнат и ги дадат на располагање нивните стадиони, во овој случај според изворот на екипите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија.

Денеска се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија, дека претставници на УЕФА и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација денеска се состанаа преку видео конференција дискутирајќи за темите поврзани со продолжувањето на натпреварите во рамки на УЕФА.

фото: инстаграм

За клупските натпревари, разговорот се одвиваше со фокус на претстојните квалификациски рунди, а деталното објаснување беше презентирано во неодамна објавениот annex 1.pdf од правилниците за натпреварување во Лига на шампиони/Лига Европа 2020/21, кои се однесуваат на ограничувањата на патувањето и позитивните тестови за Ковид-19, што можат да имаат влијание врз континуитетот на натпреварите.

Беше истакнато дека за да се исполнат патните ограничувања и барањата за карантин, издадени од властите, можеби некои натпревари ќе треба да се одиграат во неутрални земји/стадиони и беа презентирани деталните сценарија.

Во овој поглед, УЕФА, им се заблагодарува на четири фудбалски асоцијации за нивната соработка (Полска, Унгарија, Грција и Кипар), со тоа што овие земји ги ставаат на располагање некои од нивните стадиони на закажаните датуми на натпреварот и нудат патнички коридор на екипите што ќе дојдат и ќе го одиграат натпреварот без ограничувања.

Се разговараше и за септемврискиот меѓународен прозорец и беа истакнати тешкотиите со кои националните екипи ќе треба да се соочат со истите ограничувања. Потребна е тесна соработка помеѓу сите тимови и УЕФА за да се обезбеди редовно одржување на сите натпревари. Во оваа фаза не може да се намали можноста за играње меѓународни натпревари на неутрални места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот