Сифан Хасан со фантастичен финиш за златен медал на 5000 метри

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Сифан Хасан, Етиопјанката кој се натпреварува под знамето на Холандија, е новиот олимписки шампион на 5000 метри на Летните олимписки игри во Токио.

Трката ја заврши со време од 14:36,79 минути. Со фантастичен финиш, 28-годишната Хасан ги престигна сите ривалки и на крајот славеше убедливо. Последниот круг го истрча за 57.36.

Хасан е светска шампионка на 1.500 и 10.000 метри, па многу е веројатно дека ќе има повеќе медали во Токио.

Во време од 14:38.36 мин., второпласирана беше Хелен Обири од Кенија, а бронзениот медал оди за Етиопија, во рацете на Гудаф Цегај во време од 14:38.87.

Претходно објавивме и за неверојатниот „камбек“ на трката на 1500 метри, иако падна на 400 метри пред целта, успеа на крајот да триумфира.

ВИДЕО: Холанѓанка падна на 400 метри пред целта, па ги престигна сите и победи во трката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот