-3 C
Скопје

Шведска конечно ја призна грешката: Контроверзната тактика не успеа против коронавирусот

Шведска призна дека не гледа знаци на колективен имунитет кој го спречува ширењето на коронавирусот како што расте бројот на нови заразени.

Нордиската земја, чиј поопуштен пристап кон спречување на пандемијата го привлече вниманието на целиот свет, од петокот регистрираше 17.265 нови случаи, соопшти во вторникот нејзината здравствена агенција.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Во истиот период минатата недела Шведска пријави 15.084 нови случаи, при што бројот на приеми во болница за пациенти со коронавирус речиси двојно се зголемува секоја недела.

Андерс Тегнел, архитект на шведската контроверзна стратегија без „локдаун“, претходно тврдеше дека Шведска ќе помине подобро од останатите земји за време на вториот бран откако за време на првиот изгради колективен имунитет.

И Шведска се откажа од „шведскиот модел“

– Прашањето за колективен имунитет е тешко. Моментално не гледаме знаци на имунитет кој би го успорил ширењето на вториот бран, рече Тегнел за новинарите во вторникот.

Прочитајте и...  Американски функционер тврди: Бајден побара од Русија да го продолжи договорот Нов СТАРТ

Иако Тегнел не рекол дека одлуката на Шведска да избегнува карантин и да не советува носење на маски е необична, премиерот Стефан Лофвен во последните недели преземал значително различен пристап. Тој наметна ограничувања на продажбата на алкохол, домашните посети и јавните собири, со предупредување дека ограничување на патувањата би можело да биде следната мерка.

Прописите на Шведска и понатаму се релативно опуштени во споредба со други европски земји, но се значаен чекор од претходната политика која претпоставувала дека луѓето доброволно ќе одлучат да останат дома и да одржуваат дистанца.

Луѓе седат на пијачка во паб во Стокхолм, фотографија од 23 март годинава / Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

Шведска извести за рекордниот број на нови инфекции со коронавирус овој месец, докажувајќи дека не успеа да го избегне вториот бран на ковид-19 кој ја погоди целата Европа.

Прочитајте и...  ВИДЕО+ФОТО I Поради неносење маски туристите во Бали се казнуваат со склекови

22 октомври 2020 – Шведска ги укинува рестриктивните мерки за повозрасните луѓе, немало докази за втор бран на новиот коронавирус!

Во мај Тегнел предвиде дека бројот на случаи во земјата „веројатно ќе биде прилично низок“ кога на есен ќе пристигне вториот бран, бидејќи голем дел од популацијата веќе беше заразен со вирусот и стана имун. Од тогаш се појавија повеќе докази кои укажуваат на тоа дека е можно луѓето кои закрепнале од коронавирусот повторно да се разболат и дека во некои случаи имунитетот може да биде краткотраен.

Стокхолм / 22 април 2020 / Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Тегнел исто така во мај посочи дека другите нордиски земји, како Финска, кои набргу воведоа заклучување, би морале тоа да го повторат во есен. Но, се случи токму спротивното: Благодарејќи на строгата гранична политика, Финска и Норвешка во голема мера успеаја да го избегнат вториот бран на заразата, овозможувајќи да продолжат многу нормални активности.

Прочитајте и...  МВР казни 202 возачи во Скопје по разни основи, 22 за зборување на мобилен телефон

Според последните податоци, повеќе од 225.000 лица се заразени со коронавирус во Шведска, додека околу 6.500 луѓе умреле од последиците на болеста.

Час лоши, час добри лекции од Шведска

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар